НЕКОГАШНИОТ АЕРОДРОМ „ТЕГЕЛ“ ВО БЕРЛИН ЌЕ БИДЕ ПРЕТВОРЕН ВО „УРБАНА ТЕХНОЛОШКА РЕПУБЛИКА“

Берлин, (Дезин)

Просторот на некогашниот аеродром „Тегел“ во Берлин ќе се трансформира во центар за технолошки истражувања, еколошка станбена област и природен резерват. Berlin TXL, односно Урбана Технолошка Република, ќе содржи населба со 10.000 жители во која нема да има автомобили.

Градењето на просторот од пет квадратни километри ќе почне подоцна оваа година, а комплетирањето на станбената област е планирано за 2027.

„Berlin TXL е уникатна иницијатива во Европа, можеби и во светот, која има за цел да понуди одржлив модел на урбано живеење во градовите кои се соочуваат со криза на домување“, вели извршниот шеф на „Тегел проект“, Филип Бутелие.

Иако станбената област ќе се вика Шумахер, таму ќе има само велосипедски ленти и патишта и ќе биде како еколошки, паметен град. Десет проценти од домовите ќе бидат наменети за студентите.

Култната шестаголна зграда на аеродромот ќе биде реновирана и претворена во истражувачки парк.

„Во Урбаната Технолошка Република ќе работат 1.000 мали и големи фирми со 20.000 вработени, а речиси половина од целиот простор ќе биде природен резерват“, додаваат од „Тегел проект’.

Аеродромот „Тегел“ беше затворен во ноември 2020 по повеќе од 70 години во функција.