„АРКТИК МАНКИС“ ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ ВРАЌААТ НА СЦЕНА ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Лондон, (Индипендент)

Англиските рокери „Арктик манкис“ и официјално потврдија дека се враќаат на сцената оваа година, откако го објавија терминот на својот прв настап по четири години пауза.

Тие ќе бидат едни од главните ѕвезди на седмото издание на фестивалот „Фаерфлај“, што ќе се одржи од 14 до 17 јуни во Вудлендс, Делавер (САД), на кој уште се потврдени имиња како Еминем, Кендрик Ламар, Лил Вејн и „Килерс“.

Фановите веќе некое време чекаат потврда дека бендот ќе издава нов албум, а надежите се засилија откако фронтменот Алекс Тејлор беше виден со своите поранешни колеги во декември 2016 година. Нивниот последен, петти албум насловен „АМ“ излезе во септември 2013 година.

Басистот Ник О‘Мели во септември откри дека бендот почнал со снимањето на новиот албум и дека би требало да биде објавен во текот на оваа година, „а ако не се случи тоа, тоа значи дека имаат проблем“.