Мачорот Лери го пречека и четвртиот британски премиер откако живее на улицата Даунинг 10. Тој беше забележан пред резиденцијата на британскиот премиер набргу по последниот говор на Борис Џонсон, кој вчера ѝ ја предаде функцијата на Лиз Трас.
Довчерашната министерка за надворешни работи претходно во кампањата откри дека има екстремно позитивен однос со Лери.
„Лери е прекрасен мачор. Често ми доаѓа. Мислам дека сум му еден од омилените министри“, кажа Трас.
Петнаесетгодишниот Лери е главниот британски фаќач на глувци веќе 11 години, а беше донесен од засолништето за кучиња и мачки „Батерси“ во Лондон во времето на Дејвид Камерон.