ОДЛОЖЕНИТЕ СОДРЖИНИ ОД „БЕЛА НОЌ“ ВЕЧЕРВА НА ПЛОШТАДОТ ФИЛИП ВТОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дел од содржините од 18. „Бела ноќ“ кои во саботата беа одложени поради лошото време ќе се одржат денеска. Станува збор за целата програма од плоштадот Филип Втори, каде што требаше да биде и централната манифестација.

Почнувајќи од 19:30 часот, на плоштадот ќе се изведе детската претстава „Моќта на музиката“, по што следува концертот на Мијата. Од 21:15 часот е настапот на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе ги изведе музичките теми од филмовите за Џејмс Бонд, а вечерта ќе ја затвори диџеј Дабнотик.