Тениските ѕвезди Елина Свитолина и Гаел Монфис објавија дека станале родители, откако ја добиле ќерката Скај.
„Каква ноќ! Дами и господа, посакајте ѝ топло добредојде на Скај Монфис! Не можам доволно да му се заблагодарам на мојот сопруг за овој момент“, напиша Свитолина на социјалните мрежи.
Дваесет и осумгодишната Украинка во мај откри дека е бремена, два месеца откако го одигра последниот меч. Таа и Монфис се во брак од јули минатата година.
(Фото: Гети)