Теа Трајковска го објави спотот за новата песна „Рано е“, со која настапи на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип на 31 октомври.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Теа Трајковска и Магдалена Цветкоска. Спотот е реализиран во соработка со Никола Наумовски, со кого пејачката работела и претходно. Во видеото учествуваат и балерините од танцовата група „Фјужн“, кои настапија со Трајковска и на сцената на Макфест.
„Настапот на Макфест ми беше особено важен, а реакцијата на публиката ми даде уште поголема возбуда за сè што следува. Мислам дека покажав една нова страна од мене како пејачка“, рече Трајковска.