ИАКО НЕ ЈА ПОТВРДИЈА ВРСКАТА, СИНЕР ЈА ПРОСЛАВИ ТИТУЛАТА НА ВИМБЛДОН СО ЛАИЛА ХАСАНОВИЌ, МАНЕКЕНКА ОД ДАНСКА СО ПОТЕКЛО ОД СРЕБРЕНИЦА

Лондон, (АОЛ)

Светскиот рекет број еден Јаник Синер вчера ја одбрани титулата на Вимблдон откако во четири сета го победи Александер Зверев во финалето. Додека Синер даваше се од себе на теренот, од трибините го следеше неговата девојка Лаила Хасановиќ, на која ѝ се заблагодари додека го држеше трофејот во рацете.

Дваесет и петгодишната Хасановиќ е родена во Копенхаген, но родителите ѝ се од Сребреница (БиХ). Студирала новинарство во САД, а денес е манекенка и инфлуенсерка со над пола милион следбеници на Инстаграм. Таа исто така го основала брендот за убавина „НРД55“.

Синер со Хасановиќ на трибините на Вимблдон (Фото: АП)

Синер и Хасановиќ првпат беа поврзани заедно за време на минатогодишното Отворено првенство на САД, а потоа таа беше видена на трибините на негови мечеви и на други турнири. Иако никогаш официјално не ја потврдија врската, Јаник и Лаила беа снимени како се бакнуваат по финалето на Вимблдон.

Пред Синер, Хасановиќ три години беше во врска со Формула 1 возачот Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер.

(Фпто: АП)