По две години пауза, на 28 и 29 октомври ќе се одржи Скопје виски фестивал, чија цел, како што велат организаторите, е да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во нашата земја.
Првото издание на овој фестивал се одржа во 2019, а потоа уследија две години пауза поради пандемијата на ковид-19.
Фестивалот ќе се одржи во хотел „Мериот“. Во понуда ќе бидат 29 познати и помалку познати брендови на виски, а ќе има и предавања на тема виски со гости од странство. Еднодневна карта за фестивалот чини 500/600, а дводневна 800/950 денари.