МНТ СО ПРЕТСТАВАТА НА НИНА НИКОЛИЌ, „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“, НА ФЕСТИВАЛ ВО ИТАЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Македонскиот народен театар (МНТ) ќе учествува на фестивалот Quartieri dell’Arteсо во Италија со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Претставата ќе има само една изведба, на 5 ноември во театарот во Витербо.

„Ова е главниот италијански фестивал на новото, современо пишување. Се одржува веќе 25 години во областа Витербо и Рим и создава проекти кои имаат за цел не само да соочат, туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и експериментираат со нови, хибридни стратегии за пишување нови драми“, велат од МНТ.

„Народен непријател“ имаше премиерна изведба на 9 мај.