Џејмс Камерон го објави трејлерот за долгоочекуваниот втор дел на „Аватар“. „Патот на водата“ е продолжение на блокбастерот од 2009, кој останува филм со најголема заработка во историјата.
Дејството се случува повеќе од десет години по оригиналниот филм и ја раскажува приказната за семејството Сули.
Камерон со години ги развиваше продолженијата на „Аватар“, при што снимањето на „Патот на водата“ почна во 2017 и се одвиваше паралелно со третиот филм, кој треба да излезе во 2024. Тој исто така работи на четвртиот и петтиот дел, чии премиери се предвидени за 2026 и 2028 година.
Камерон најмногу време потрошил на развивањето филмска технологија за снимање сцени под вода.
„Патот на водата“ ќе игра во Синеплекс од 15 декември.