„ФИЛТЕР ЛАБЕЛ“ ГО НАЈАВИ НОВИОТ АЛБУМ НА ЏЕЗ ГИТАРИСТОТ ГЕОРГИ ШАРЕСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Џез гитаристот Георги Шарески ќе го издаде новиот материјал под етикетата на „Филтер лабел“, што беше најавено со првиот сингл насловен „CouCou”, кој излезе денеска. Од „Филтер лабел“ велат дека Шарески во изминатиот период го подготвуваше можеби највозбудливиот и најинтимен проект во неговата кариера.

Албумот „Big Love” ќе биде колекција од девет авторски композиции на Шарески, отсвирени во дует со виртуозот на усна хармоника Марко Јовановиќ, а ќе биде објавен во февруари.

Материјалот со невидена префинетост ги брише жанровските граници, балансирајќи помеѓу џез и поп, а се насетуваат и влијанијата на неколкумина големи мајстори на еклектичниот музички пристап“, велат од „Филтер лабел“.