СУПЕРМОДЕЛИ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО МУЗИ ВО НОВИОТ КАЛЕНДАР НА „ПИРЕЛИ“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

„Пирели“ го претстави својот календар за 2023, кој е исполнет со ѕвезди. Насловен „Љубовни писма за музата“, австралиската фотографка Ема Самертон вели дека календарот е посвета на исклучителните жени кои ја инспирирале.

Емили Ратајковски како Писателка

„Сакав да се навратам на етимолошкиот корен на зборот муза и да претставам жени кои ме инспирирале со нивниот придонес во литературата, науката и уметноста“, изјави Самертон.

Лорен Васер како Спортистка

За таа цел биле избрани 14 супермодели, кои претставуваат различни музи. Така Кара Делевињ е изведувачка, Емили Ратајковски е писателка, Карли Клос е програмерка, а Саша Пивоварова е сликарка. Меѓу моделите кои учествуваа во фотосесијата снимена во Њујорк се и Ешли Грем, Бела Хадид, Прешс Ли и Лорен Васер.

Самертон е четвртата жена која го правела календарот од неговото излегување во 1964.

Гиневер ван Сенус како Фотографка
Кара Делевињ како Изведувачка