ФРАНЦУСКИ БАГЕТ ВКЛУЧЕН ВО СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

Париз, (Ројтерс)

Скромниот француски леб багет влезе на листата на Светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО, која веќе обединува 600 традиции од над 130 земји, а овие денови и дополнително ќе биде проширена.

„Занаетот и културата на багетот го слави францускиот начин на живот. Багетот е дневен ритуал, синоним за споделување и уживање“, изјави шефицата на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Багетот е симбол на Франција низ светот и централен дел на француската исхрана повеќе од 100 години. Овие денови чини околу едно евро. Според податоците од 2019, секој ден се прават околу 16 милиони багети.

Направено само од брашно, вода, сол и квасец, тестото за багет мора да отстои 15-20 часа на температура меѓу четири и шест степени.

(Фото: АП)