ОБЈАВЕНИ НАСЛОВОТ И ТРЕЈЛЕРОТ ЗА ПЕТТИОТ ДЕЛ НА „ИНДИЈАНА ЏОНС“

Лондон, (Гардијан)

Дизни“ објави дека „Indiana Jones and the Dial of Destiny“ ќе биде насловот на петтиот дел од серијалот за славниот археолог и авантурист. По неколку години одложувања, филмот конечно треба да излезе на 30 јуни 2023, две недели пред главниот актер Харисон Форд да наполни 81 година.

Објавен е и првиот трејлер за филмот, во кој е забележливо дека Форд на моменти е дигитално подмладен.

Indiana Jones and the Dial of Destiny“ се случува во 1960-ите, на врвот на вселенската трка помеѓу САД и Советски Сојуз. Мадс Микелсен и Антонио Бандерас се негативците во филмот, во кој играат и ѕвездата на „Флибег“, Фиби Волер-Бриџ, Тоби Џонс и Бојд Холбрук.

Ова е првиот филм за Индијана Џонс што не го режираше Стивен Спилберг, туку Џејмс Менголд, додека Џон Вилијамс се врати како автор на музиката.