ЕЈЧ-БИ-О ЈА НАЈАВИ ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА НА „ВИСТИНСКИ ДЕТЕКТИВ“ ЗА 2023

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Ејч-Би-О ги објави првите снимки од долгоочекуваната четврта сезона на „Вистински детектив“, која ќе излезе следната година.

Во главните улоги се оскаровката Џоди Фостер и професионалната боксерка Кали Рајс, кои играат детективки кои го истражуваат исчезнувањето на шестмина вработени во арктичка истражувачка станица на Аласка во периодот на 24-часовна ноќ. Сепак, сезоната не е снимана на Аласка, туку на Исланд.

Новата сезона, која го носи името „Night County“, е напишана и режирана од мексиканската филмаџијка Иса Лопес.

„Вистински детектив“ имаше премиера во 2014, кога главните ѕвезди беа Метју Меконахи и Вуди Харелсон.