ВИВИЕН ВЕСТВУД – ИКОНА НА МОДНИОТ СВЕТ КОЈА ГО ИЗМИСЛИ ПАНКОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Вивиен Вествуд, која почина вчера на 81 година, беше провокативна доајенка на британската мода која ги спои анти-естаблишментот на панкот со раскошот на високата мода.

Се прослави во 1970-ите откако отвори продавница во Лондон со својот тогашен партнер Малколм Мекларен, продавајќи необична облека која го дефинираше панк стилот. Продавницата беше омиленото место на членовите на „Секс Пистолс“, чиј менаџер стана Мекларен.

Вествуд со Малколм Мекларен

Панкот не постоеше пред мене и Малколм“, напиша Вествуд во својата автобиографија.

Од своите панк корени се издигна во една од водечките независни дизајнерки во 1980-ите. Таа сепак не го изгуби својот неортодоксен стил кога се пресели во светот на модните писти, што ја направи еден од најпрепознатливите и најоригинални дизајнери во модниот свет. Изгради миницарство, отвори сопствени бутици и произведуваше венчаници, чевли, вратоврски, козметика и парфеми.

(Фото: Гети)