Музичката легенда Вили Нелсон ќе го прослави 90. роденден со своите пријатели и семејство на дводневен ол-стар концерт во Холивуд.
Роденденската забава на кантри иконата ќе се одржи на 29 и 30 април, а покрај него, ќе настапат и десетици други музичари. Притоа се најавени имиња како Нил Јанг, Снуп Дог, Нора Џонс, Том Џонс, Бек, Зиги Марли, Миранда Ламберт и Шерил Кроу, како и синовите на Вилсон, Лукас и Мајка.
Иако зад себе има шестдецениска кариера како пејач, композитор и активист, Вилсон не покажува знаци на запирање, па во март му излегува нов албум, а петделен документарец за него премиерно ќе се прикаже на фестивалот Санденс. Тој исто така е номиниран за четири Греми награди оваа година.
(Фото: АП)