Љубопитна мечка направила стотици селфи фотографии откако налетала на камера поставена во шума близу Боулдер, Колорадо.
Којоти, дабари, пуми, црни мечки, разни видови птици и други животни го населуваат пејзажот околу градот и локалниот оддел за планински паркови има поставено систем од камери за нивно следење. Тие биле изненадени кога ги погледнале снимките од една камера, откако од 580 фотографии, околу 400 биле на една мечка.
„Повеќето животни не ги ни забележуваат камерите кои реагираат на движења, но оваа мечка навистина се заинтересирала за една од нив и ја искористила шансата да направи стотици селфија“, изјави портпаролот на одделот за планински паркови на Боулдер, Филип Јејтс.
Мечката може да се види од разни агли, како со лицето зјапа во објективот, па дури и со јазикот надвор.