ВНУК НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ЌЕ ГО ИГРА СЛАВНИОТ ПЕЈАЧ ВО НОВ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Вараети)

Џафар Џексон е избран да го глуми својот славен чичко Мајкл Џексон во нов биографски филм, што ќе го режира Антуан Фукуа. Филмот со едноставен наслов „Мајкл“ ќе биде првата голема улога за 26-годишниот Џафар, кој е син на Џермејн Џексон, најстариот брат на Мајкл.

Џафар е отелотворение на мојот син. Прекрасно е да се гледа како го носи наследството на семејството Џексон“, изјави мајката на Мајкл Џексон, Кетрин.

Филмот се прави во соработка со задужбината на Мајкл Џексон, што се верува ќе има влијание врз тоа како тој ќе биде прикажан, односно дали воопшто ќе бидат вклучени обвинувањата за сексуално злоставување деца. Сценариото го пишува Џон Логан („Гладијатор“, „Авијатичарот“, „Скајфол“, „Спектра“).

Продуцентот Грем Кинг, кој стоеше и зад „Боемска рапсодија“, изјави дека Џафар бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет.

Го запознав Џафар пред две години и бев воодуешевен од начинот на кој ги претставува духот и личноста на Мајкл“, кажа Кинг.

(Фото: Гети)