Композиторот Никола Мицевски вечерва ќе одржи солистички концерт во Велес, на кој ќе го промовира неговиот албум „Нова ера”. Како гости се најавени гитаристот Дамјан Пејчиновски и хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Концертот во Велешки театар почнува во 20 часот.
Мицевски изминативе години соработуваше со познати домашни музички имиња како автор на нивни нумери. На концертот во Велес ќе го придружуваат 40-ина врвни музичари и хористки.
Албумот „Нова ера“ претставува мешавина на музички жанрови, со кој постигна голем успех кај публиката.
П. ПЕЧКОВ
(Фото: Фејсбук)