НИКОЛА МИЦЕВСКИ СО КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ „НОВА ЕРА“ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Композиторот Никола Мицевски вечерва ќе одржи солистички концерт во Велес, на кој ќе го промовира неговиот албум „Нова ера”. Како гости се најавени гитаристот Дамјан Пејчиновски и хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Концертот во Велешки театар почнува во 20 часот.

Мицевски изминативе години соработуваше со познати домашни музички имиња како автор на нивни нумери. На концертот во Велес ќе го придружуваат 40-ина врвни музичари и хористки.

Албумот „Нова ера“ претставува мешавина на музички жанрови, со кој постигна голем успех кај публиката.

П. ПЕЧКОВ

(Фото: Фејсбук)