КОНЦЕРТОТ „ФИЛИЗ“ СО ПИЈАНИСТКАТА НГУЧИ ВЕЧЕРВА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Француско-албанската пијанистка Мари-Анж Нгучи ќе биде солистка на вечерашниот концерт на Филхармонијата (20 часот), насловен „Филиз“. Ќе диригира Англичанецот Џорџ Џексон.

На репертоарот ќе бидат „Трагична увертира оп. 81“ од Брамс, Симфонија бр. 8 во Х-мол „Недовршена“ од Шуберт и Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во Д-мол од Рахманинов.

Нгучи е родена во Албанија во 1998 во музичко семејство, магистрирала на Националниот конзерваториум за музика во Париз на само 16 години, по што продолжила да се образува во Њујорк, Виена и на Сорбона во Париз.