ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЈУНИОРСКАТА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Три медали, од кои еден златен освоија младите македонски математичари на Јуниорската балканска математичка олимпијада, чиј домаќин е Тирана.

Дамјан Давков се закити со златен медал, Ивано Божиновски освои сребро, а Андрија Младеновиќ бронза. Од Сојузот на математичари на Македонија информираа дека Македонија е единствената земја која освоила златен медал со максимален број поени.

Покрај нив, Македонија ја претставуваа и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.