Шеесет и петгодишната ѕвезда на акциони филмови Долф Лундгрен се ожени со свршеница Ема Крокдал (27) на грчкиот остров Миконос.
„Избравме да ја славиме нашата љубов така што се венчавме во нашата вила на Миконос во присуство на семејството и неколкумина блиски пријатели. Поради ковид пандемијата и долгиот пат на предизвикувачко лекување, неколкупати ги одложувавме плановите за венчавка. Почувствувавме дека сега е вистинско време за тоа“, изјави Лундгрен.
Тој и норвешката лична тренерка се свршија во јуни 2020. Во мај, Лундгрен откри дека Крокдал му била најголемата поддршка додека водеше борба со рак, кој првпат му бил откриен во 2015. Болеста му се вратила во 2020 и Лундгрен кажа дека лекарите му рекле дека му остануваат уште две-три години живот, но благодарение на нова терапија, ситуацијата му се подобрувала.
(Фото: Гети)