СЕ ВЕНЧАА ДУА ЛИПА И КАЛУМ ТАРНЕР, ПЛАНИРААТ И ТРИДНЕВНА СВАДБА НА СИЦИЛИЈА

Лондон, (Сан)

Поп-ѕвездата Дуа Липа и актерот Калум Тарнер се венчаа на интимна церемонија во Лондон, на која присуствуваа само роднини и блиски пријатели. Дваесет и деветгодишната британска пејачка по потекло од Косово носеше бел шешир и бел фустан на „Скјапарели“.

(Фото: Вог/Фејсбук)

Осуммина роднини и пријатели стоеја од двете страни на скалите, додека Липа и Тарнер излегуваа од градското собрание во Марлибоун, каде што се одржа граѓанската венчавка. Двојката потоа замина со такси.

Весникот „Сан“ објави дека Липа и Тарнер планираат поголема, тридневна свадба на Сицилија оваа недела, на која ќе присуствуваат и бројни познати личности. Се шпекулира дека и Елтон Џон би можел да настапи.

Липа и Тарнер се свршија во декември 2024 по една година врска.

(Фото: Вог/Фејсбук)