Тринаесеттото издание на фестивалот на независна музика Здраво млади ќе се одржи на 23 септември во Младински културен центар во Скопје, а веќе е позната и целосната листа на учесници.
Најавени се 15 изведувачи од САД, Европа, регионот и Македонија, меѓу кои се истакнуваат лондонското трио „ПВА“, „Маусковиц денс бенд“ од Холандија, „Планет опал“ од Италија, култниот американски музичар Ијан Свенониус и хрватскиот шоумен Војко В.
Во продажба е пуштен првиот пакет-карти по цена од 600 денари, а потоа ќе чинат 800 денари.