Годинашното издание на фестивалот на нова музика Здраво млади, 16. по ред, ќе се одржи денеска (10 октомври) во Младински културен центар во Скопје. Влезот ќе биде слободен.
Фестивалот кој своевремено се одржуваше на неколку бини со 20-ина бендови и музичари сега ќе има значително помал формат. За оваа година се најавени само пет бенда, плус настапот на диџеј Фиц.
И покрај тоа, програмата ќе го задржи меѓународниот карактер, со учесници од Италија („Платоник дајв“), Бугарија („Гигашедоу“) и Србија (Роузи). Домашата независна сцена ќе ја претставуваат „Персеида“ и „Големата вода“.