Последниот светски рекорд во сопственост на Мајкл Фелпс беше соборен викендов, седум години по неговото пензионирање. Тоа му успеа на 21-годишниот Французин Леон Маршан, кој постави нов светски рекорд на 400 метри мешано на Светското првенство во водени спортови во јапонскиот град Фукуока.
Маршан ја исплива оваа делница за 4:02,50 минути и го надмина Фелпс за една секунда и 34 стотинки, од кого потоа го прими златниот медал. Тој имал само шест години кога Фелпс го постави досегашниот рекорд на Олимписките игри 2008 во Пекинг. Фелпс беше светски рекордер во оваа дисциплина речиси 21 година.
Легендарниот американски пливач држеше светски рекорди во пет различни индивидуални дисциплини и сѐ уште е дел од рекордите во штафетните трки на 4х100 метри и 4х200 метри слободно.
(Фото: Гети)