Под мотото „Дојди, види, испиј“, од 21 до 23 септември ќе се одржи скопскиот фестивал на пивото Пиволенд. Откако лани се одржа на централниот плоштад, фестивалот оваа година се враќа на паркингот пред арената „Борис Трајковски“.
Организаторите најавуваат дека посетителите ќе можат да уживаат во широка лепеза на домашни и странски пивски брендови и во различни домашни крафт пива. Програмата секој ден ќе почнува во 18 часот.
Засега не е објавено кои музичари ќе ги забавуваат присутните.