НОВИОТ ДОМ НА МЕСИ ВО ФЛОРИДА ВРЕДИ 10,75 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Мајами, (Форбс)

Лео Меси го напушти европскиот фудбал ова лето и ја продолжи кариерата во САД. Неговиот нов клуб е Интер Мајами, каде што тој и неговото семејство се скрасија на имот вреден 10,75 милиони долари.


Луксузниот дом на Меси во Форт Лодердејл се простира на околу илјада квадратни метри и има излез на вода долг повеќе од 50 метри. Во куќата има десет спални соби и девет бањи, како и базен и два дока.


Згора на тоа, стадионот на Интер е оддалечен само осум километри.

Меси потпиша две и полгодишен договор со Интер, вреден 50-60 милиони долари годишно.

(Фото: Твитер)