Шпанија и Аргентина ќе играат за титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, со што Лео Меси стана само петти фудбалер во историјата со три финалиња на мундијалите. Покрај Меси, тоа се и Бразилците Пеле, Роналдо и Кафу и Германецот Лотар Матеус.
Сепак, Кафу е единствениот од нив кој ги играл сите три финалиња и неговиот рекорд вечерва ќе го израмни 39-годишниот Меси.
Пеле беше повреден и не играше во финалето на СП 1962, Матеус остана на клупата во финалето на СП 1986, додека Роналдо ја освои својата прва светска титула во 1994 без да влезе во игра на финалниот меч со Италија.
Меси го изгуби првото финале од Германија во 2014, но стана светски шампион во 2022 во Катар.
Кафу има две титули, од 1994 и 2002, додека во 1998 Бразил беше поразен во финалето од Франција. Легендарниот бек ги одигра сите минути од овие три финалиња.
(Фото: Фејсбук)