„Цртај на мaкедонски јазик“ e насловот на групната изложба што се отвора вечерва во 20 часот во просториите на „Арт хаб“ во Градски трговски центар во Скопје. Станува збор за проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во кој учествуваат 10-мина млади автори кои активно се бават и истражуваат во различни медиуми на творење.
Целта на оваа изложба е преку ликовните дела да се поттикне правилната употреба на македонскиот јазик во пишаната комуникација и да се стекне јазична писменост.
На изложбата ќе се претстават членовите на ДЛУМ Марта Патлиџановска, Лусиана Ампева, Дорина Тенева, Ана Спасова, Ивана Самандова, Кристијан Јованоски, Озбек Ајваз, Драганчо Таневски, Славица Таневска и Дејвид Стоилковски.