ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЗАКАЖА И ВТОР КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владо Јаневски ќе одржи втор концерт во Филхармонијата на 25 ноември од 20 часот, објави организаторот, „Авалон продукција“. Првиот концерт на кантавторот ќе биде на 16 ноември во истата сала. Насловен е „Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски“, а Јаневски ќе ги испее неговите најголеми хитови.

Владо Јаневски е првиот македонски претставник на Евровизија, во Бирмингем во 1998 година, со песната „Не зори зоро“. Музиката за оваа песна ја напиша Григор Копров, текстот е на Јаневски, а аранжманот го направи Валентино Скендеровски.

Во 2018, Владо Јаневски одржа концерт во салата „Борис Трајковски“ по повод 25 години од неговата музичка кариера. Концертите во Филхармонијата се прослава на неговиот 30. музички роденден.

Влезниците се во продажба од денеска, онлајн на tickets.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.