БЛУЗ ГИТАРИСТКАТА АНА ПОПОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА 29 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската блуз гитаристка со светска кариера Ана Поповиќ ќе настапи во Скопје на 29 октомври во рамките на нејзината турнеја „Power Trip“. Концертот во организација на „Спектаклум продукција“ ќе се одржи во Македонската филхармонија.

Четириесет и седумгодишната Поповиќ на оваа турнеја го промовира својот деветти соло албум „Моќ“ (Power), кој излезе оваа година. Од „Спектаклум“ велат дека концертот во Скопје ќе биде единствен во регионот.

Ана Поповиќ е родена во Белград, а денес живее во САД. Почнала да свири гитара на 15 години, а во 1995 го формирала блуз бендот „Хаш“. По заминувањето во Холандија за да студира џез гитара, Поповиќ основала своја сопствена група, почнувајќи соло кариера во 1999. Првиот албум го објавила во 2001 и оттогаш редовно соработува со врвни американски музички продуценти и настапува на најголемите блуз фестивали низ светот.

Поповиќ и во Скопје доаѓа со својот бенд.

(Фото: Фејсбук)