Со настапот на 11-годишниот Теодосиј Поповски, вечерва (19 ноември) почнува седмото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, кој ќе се одржува во рок барот „Русти“ во Карпош. Поповски ќе свири со своето трио, комбинирајќи современа џез-фузија и инструментален блуз.
Во денешната програма се и добро познатиот бенд на Гуру Харе и американскиот состав „Ласт хаус“ (фото), предводен од пејачката Џинет Хурадо, инаку една од членките на женскате група „Експозе“.
Ова е првиот дел од дводневната програма на годинашното издание. Продолжението е на 26 ноември, кога ќе настапат романското трио „Аксис“ и бразилскиот гитарист Артур Менезес.
Свирките повторно ќе бидат придружувани и хуманитарна ликовна колонија со учество на повеќе уметници, со цел собирање донации за Детската клиника.