„АКСИС“ И БРАЗИЛСКИОТ ГИТАРИСТ АРТУР МЕНЕЗЕС ГО ЗАТВОРААТ СЕДМИОТ КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седмото издание на скопскиот Котон блуз фестивал продолжува вечерва (26 ноември) со два концерта во рок барот „Русти“ во Карпош.

Од 20:30 часот настапува дуото „Аксис“, составено од Силвиу Дан Илиеску од Романија и Дејан Котарчиќ од Србија. „Аксис“ не е типичен блуз состав, туку повеќе припаѓа на новиот бран на класичниот рок, што го предводат групи како „Грета ван Флит“ и „Рајвл санс“.

Годинашното издание го затвора бразилскиот гитарист Артур Менезес (фото), првиот учесник на КБФ кој доаѓа од Јужна Америка. Овој 41-годишен музичар досега има објавено шест албуми, делел сцена со имиња како Бади Гај и Џо Сатријани и ја добил наградата „Гибсон/Алберт Кинг“ за најдобар гитарист.

(Фото: Фејсбук)