Изложба на Мице Јанкуловски насловена „Над црното“ се отвори во мултидисциплинарната уметничка галерија „Галатека“ во Букурешт.
Јанкуловски се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо Втори“ (четири слики, акрил на платно, 195х780 см) и со сегмент од три дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана“ (10 слики, акрил на платно, 195х1.950 см).
Кураторки на изложбата се професорката на Националната академија за уметност во Букурешт, Анка Боериу и Корнелија Конеска од Македонија.