МИС НИКАРАГВА ИЗБРАНА ЗА НОВАТА МИС УНИВЕРЗУМ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Дваесет и тригодишната Шејнис Паласиос од Никарагва победи на натпреварувањето за Мис универзум 2023, чиј домаќин беше Ел Салвадор. За првата придружничка беше прогласена Тајланѓанката Антонија Порсилд, а за втората Мораја Вилсон од Австралија.

На годинашниот избор, кој се одржа по 72. пат, учествуваа претставнички на 84 држави, од кои во финалето влегоа десет.

Паласиос ја наследува круната од Американката Арбони Габриел.

(Фото: Гети)