СНУП ДОГ ЌЕ ИЗВЕСТУВА ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

Њујорк, (АП)

Снуп Дог ќе се најде во улога на ТВ-коментатор на претстојните Олимписки игри во Париз. Педесет и двегодишниот рапер потпиша договор со ТВ-мрежата Ен-Би-Си и нејзината стриминг платформа „Пикок“ и за време на ОИ ќе се јавува од Париз. Тој ќе следи настани, ќе разговара со спортисти и ќе ги истражува обележјата на Париз.

„Пораснав гледајќи ги Олимписките игри и возбуден сум што ќе ги гледам спортистите во нивното најдобро издание во Париз. Ќе имаме неверојатни натпревари и сето тоа во комбинација со Снуп стилот. Ова ќе биде најепската Олимпијада досега и затоа следете нѐ“, изјави Снуп Дог.

Тој известуваше за „Пикок“ и од последните Олимписки игри во Токио, заедно со актерот и комичар Кевин Харт.

(Фото: АП)