Не е тајна дека многумина од нас поминуваат многу од нашето време седејќи. Но, седењето не му служи многу на здравјето или поточно на начинот на кој што го држиме телото. Важно е да се обрне внимание на држењето на телото во секоја активност преку денот, вклучувајќи го и спиењето.
Најдобрата положба за спиење за држењето на телото е онаа што врши најмалку притисок врз грбот.
Одржувањето на добра положба на грбот е многу важен аспект од физичкото здравје. Тоа во основа може да има ефект на сè во вашето тело, вклучувајќи ги здравјето на зглобовите и лигаментите и вашата флексибилност.
Австралискиот центар за физикална терапија „Физио воркс“ препорачува лежење на грб со перница под колената или лежење на страна со благо свиткани колена. Тие не препорачуваат да се спие во положбата на фетус, бидејќи тогаш грбот се тегне и просторот за дишење се стеснува, иако има случаи кога оваа позиција може да има позитивен ефект.
Спиењето на грб овозможува најчесто неутрална позиција за грбот, вратот и на главата, така што ништо не се витка на чуден или непријатен начин додека спиеме.
Една сугестија е држењето на вратот и брадата во неутрална положба и на увото да бидат во иста линија со рамената. Исто така, можете да се обидете да ставите перница меѓу колената, што може да ви помогне да го задржите прав вашиот ’рбет.