КОЛОСАЛЕН РАМЗЕС ВТОРИ ЌЕ СТОИ НА ВЛЕЗОТ НА НОВИОТ МУЗЕЈ ВО КАИРО

Каиро, (АП)

Египетското Министерство за антиквитети објави дека поставило античка колосална скулптура на фараонoт Рамзес Втори на влезот на музејот, кој се гради во близина на пирамидите пред главниот град Каиро.

Поставувањето на скулптурата, тешка над 80 тони и висока 12 метри, предизвика голем интерес и присуство на египетски, но и на офцијални лица од западните земји.

Колосот, кој датира од пред 3.300 години, ќе биде изложен на влезот на Големиот египетски музеј, во кој ќе бидат поставени некои од најуникатните и најскапоцени египетски антички артефакти, вклучувајќи и работи кои му припаѓале на фараонот Тутанкамон.

„Уште 87 артефакти ќе стојат на влезот на музејот“, кажа Калед ал-Анани, министерот за антиквитети.

Првата фаза од изградбата ќе заврши во текот на оваа година.