РЕЈКЈАВИК ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈСПОКОЕН ГРАД НА СВЕТОТ

Њујорк, (Тајм аут)

Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е прогласен за најспокоен град во светот, во изборот што опфати 75 града. Сајтот „MoneySuperMarket“ ги проценувал градовите според нивото на воздушно, светлосно и звучно загадување, сообраќајниот метеж, просечниот број сончеви часови и среќата и отвореноста на локалните жители.

Рејкјавик собра 85,5 поени во индексот на спокојството благодарение на добриот квалитет на воздухот, ниските нивоа на загадување и мноштвото зеленило. Поточно, Рејкјавик помина добро во сите испитувани области.

На второто место се најде Талин со 82,3 поени, па следува норвешкиот град Берген, кој се карактеризира со исклучително чист воздух и со најниско ниво на светлосно загадување меѓу испитуваните градови.

Во првите десет уште се Виена, Стокхолм, Вилнус, Љубљана, Минхен, Цирих и, помалку изненадувачки, Њујорк.