ЗА 10 ГОДИНИ ДРАСТИЧНО СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЅВЕЗДИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ВИДАТ СО ГОЛО ОКО

Рим, (Би-Би-Си)

Бројот на ѕвезди што можат да се видат со голо око драматично се намалил во изминатите десетина години. Причината за тоа е „небесниот сјај“ од вештачкото осветлување, чија јачина се зголемувала секоја година од 2011 наваму.

„Нашиот поглед кон ѕвездите исчезнува“, изјави Кристофер Киба од Германскиот истражувачки центар за геонауки во Потсдам.

Ова е заклучокот од 12-годишното броење на ѕвездите од страна на 50.000 аматерски набљудувачи на небото, објавен во магазинот „Наука“. Промената во видливоста на ѕвездите била рамна на речиси десетпроцентното засилување на осветленоста на небото секоја година.

„Гледајќи ги снимките од Меѓународната вселенска станица или од Земјата ноќе, луѓето генерално се воодушевуваат од градските светла. Тие не сфаќаат дека тоа се снимки на загадувањето. Ако можете да ги видите само најсјајните ѕвезди, тоа значи дека сте на место кое е многу загадено со светлина“, вели истражувачот на светлосното загадување Фабио Фалки.

(Фото: АП)