ПОРНОЅВЕЗДАТА РОКО ЗИФРЕДИ ВО БЕРЛИН ЈА ПРОМОВИРАШЕ СЕРИЈАТА ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ „СУПЕРСЕКС“

Берлин, (Ројтерс)

Италијанската порноѕвезда Роко Зифреди е некој што не би го очекувале на Берлинскиот филмски фестивал. Тој дојде во Берлин за премиерата на „Суперсекс“, новата играна серија на „Нетфликс“ која раскажува за неговиот живот.

Многу беше емотивно да се гледа мојата животна приказна на овој начин. Многу плачев“, кажа 59-годишниот Зифреди, кого на црвениот тепих го придружуваа сопругата Роза Карачоло (фото) и двајцата синови.

Серијата почнува во крајбрежниот град Ортона, каде што неговиот сакан постар полубрат му помогнал да ја открие својата супермоќ – сексот, што ќе го направи еден од најпознатите порноактери на сите времиња.

Алесандро Борги, попознат како Италијански Пастув, го игра Зифреди во серијата со седум епизоди, која ќе излезе следниот месец. Борги вели дека во серијата има 50-ина секс сцени.

Според самиот Зифреди, тој снимил околу 1.400 порнофилмови, почнувајќи од 1980-тите. Денес веќе не снима, но има своја продукција, во чии рамки делува и „Зифреди хард академи“, за која вели дека е првиот универзитет за порнографија на светот.

(Фото: АП)