НАТАЛИ ПОРТМАН СЕ РАЗВЕДЕ ПО 11 ГОДИНИ БРАК

Париз, (АП)

Оскаровката Натали Портман и францускиот кореограф Бенжаман Милпје се разведоа по 11 години брак. Разводот бил финализиран минатиот месец во Франција, каде што живееја, објави магазинот „Пипл“.

Според „Пипл“, Портман поднела барање за развод пред осум месеци.

Тие се запознаа на снимањето на филмот „Црниот лебед“ во 2010, на кој Милпје работеше како кореограф, а Портман освои Оскар за најдобра актерка. Се венчаа во 2012 и потоа добија две деца, кои сега имаат 12 и девет години.

Разводот уследи откако минатото лето се дозна дека Милпје имал вонбрачна афера.