Кит Харингтон изјави дека нема да се снима серија за Џон Сноу, која би била продолжение на „Игра на тронови“.
„Засега нема такви планови, барем не во догледно време“, изјави Харингтон на промоцијата на неговиот нов филм „Крв за прашина“.
„Игра на тронови“ заврши по осум сезони во 2019 и потоа беше најавено дека ќе се снимаат неколку спиноф серии, од кои засега е излезена само „Куќата на змејот“. Притоа се најавуваше дека се развива серија која ќе се фокусира на ликот на Харингтон.
„Имаше неколку идеи, но ништо не ни се допадна, па решивме да не продолжуваме“, кажа Харингтон.