ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА „МЕГАЛОПОЛИС“, ФИЛМОТ ШТО КОПОЛА ГО ПРАВЕШЕ ОД 1980-ТИТЕ

Лос Анџелес, (Вараети)

Објавен е првиот трејлер за научно-фантастичната драма „Мегалополис“, чиј режисер, сценарист и продуцент е легендарниот Френсис Форд Копола.

Мегалополис“ е приказна за архитект кој по една катастрофа сака повторно да го изгради Њујорк како утопија. Копола почнал да го развива филмот уште во почетокот на 1980-тите, а снимањето наводно чинело 120 милиони долари. Копола вложил свои пари во филмот, во кој глумат Адам Драјвер, Џанкарло Еспозито, Џон Војт, Лоренс Фишбурн, Обри Плаза, Дастин Хофман и Шаја Лабуф.

Филмот ќе има светска премиера на Канскиот фестивал на 17 мај, а засега не е познато кога доаѓа во кината.