ОСКАРОВЕЦОТ ЗА МАТЕМАТИЧАРКИТЕ ОД НАСА – ИНСПИРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МЛАДИ НАУЧНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американската амбасада во Скопје организираше проекција на „Скриени фигури“, еден од ланските оскаровци, филм за за групата афроамерикански математичарки на НАСА и нивниот придонес за вселенската трка во 1950-ите и 1960-ите години. Оваа проекција е по повод повеќето научни проекти во Македонија што се поддржани од Амбасадата на САД. Станува збор за проекти во областа на роботиката и компјутерското програмирање кои се наменети за основци, средношколци и студенти.

На настанот беше американскиот амбасадор Џес Бејли кој пред проекцијата се дружеше со младите иноватори. Меѓу нив беа и студентите од Скопје кои својот изум го презентираа во НАСА. Амбасадата со проекцијата на оскаровскиот филм сакаше да им одаде признание на македонските млади научници.

Еден од највозбудливите моменти на ланските Оскари беше кога на сцената во количка дојде математичарката Катерин Џонсон, според чија приказна е снимен „Скриени фигури“ со Жанел Мона, Тараџи П. Хенерсон и Октавија Спенсер. Филмот беше номиниран за 3 оскари меѓу кои и за најдобар филм и најдобра споредна женска улога за Спенсер.

Проекцијата на филмот беше придружена со мини изложба на младите македонски роботичари (Фото: М. Златевска)

Џонсон е меѓу неколкуте жени истражувачи на НАСА коишто го овозможија патувањето во вселената. Меѓу нив, жени Афроамериканки одиграа важна улога во индустријата на астронаутиката. Кога првите пет жени Aфроамериканки стапија на работа во 1943, во канцеларијата имаш одделен тоалет за „обоените девојки“ и маса за компјутери за „обоените“, вели Маргот Ли Шетерли, авторка на книгата „Скриени фигури: Американскиот сон и нераскажаната приказна на жените Афроамериканки математичарки, кои помогнаа за победата на вселенската трка“.Шетерли,ја раскажува приказната на овие жени во книгата, според која е снимен и филмот.

Шетерли зборува за Катерин Џонсон како најпризнаена од сите човечки компјутери на НАСА, белци или црнци. Таа почна да работи во Ленгли во 1953. Кога ја прашуваа Катерин Џонсон како ѝ било да работи за толку голема работа под толку голем притисок, таа често велеше: „Јас само си ја вршев мојата работа“.

Станува збор за проекти во областа на роботиката и компјутерското програмирање кои се наменети за основци, средношколци и студенти (Фото: М. Златевска)
Амбасадата со проекцијата на оскаровскиот филм сакаше да им одаде признание на македонските млади научници – од коктелот пред проекцијата на филмот (Фото: М. Златевска)