Националниот џез оркестар ќе одржи нов концерт на 1 јуни, во Македонскиот народен театар, на кој гости ќе бидат Џон Рајли на тапани и диригентот Зиги Фајгл, двајцата од САД.
Рајли (69) настапувал со бројни славни имиња на џезот, како Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Џон Скофилд, Вуди Херман и Стен Гец.
Билетите се продаваат на билетарницата на МНТ или на онлајн страницата на театарот. Студентите и пензионерите ќе можат да набават билети со попуст од 50% на билетарница.