„ФОЛТИН“, ДАНИ ДИМИТРОВСКА И „21 ВЕК“ МЕЃУ ГОСТИТЕ НА СЛАВЕНИЧКИОТ КОНЦЕРТ НА „СУПЕРХИКС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Суперхикс“ ја комплетираше листата гости кои ќе настапат на неговиот голем славенички концерт, што ќе се одржи на 29 јуни во паркот кај салата „Расадник“ во Кисела Вода.

Најавен како повеќечасовен бесплатен музички спектакл, на концертот ќе гостуваат „Фолтин“, „21 век“, Дани Димитровска, Мите Димовски, Камерниот оркестар од Битола, Гоце САФ, „Ред 18“ и српската група „Ја, Дека и Зека“. Исто така, ќе се појават и поранешни членови на групата.

„Суперхикс“ во април го објави својот шести студиски албум „Сила и нервоза“, а претстојниот концерт ќе биде кулминација на прославата на 30 години од основањето.

Фото: СДК.МК